Холандски автобус со 48 лица се преврте во Швајцарија, има загинати и повредени

Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени во сообраќајна несреќа со автобус во источна Швајцарија.

Според швајцарските медиуми, станува збор за автобус со холандски регистарски таблички во кој превезувал група од 48 лица.

На местото на несреќата интервенираат бројни екипи на итната медицинска помош, противпожарни единици и неколку спасувачки хеликоптери.