Холандија: Метални делови од авион паѓале во населено место
Foto

Холандија: Метални делови од авион паѓале во населено место

Жителите на холандското село Мерсен беа шокирани откако повеќе метални делови од авион паднаа од небото, оштетувајќи автомобили и куќи, а полесно се повредени една жена и дете.

Авионските делови се од товарното летало Боинг 747-400, кое во саботата исчезна откако во 16 часот полета од аеродромот Мастрихт кон Њујорк.

Очевидци тврдат дека слушнале силни удари и виделе пламен како излегува од еден од левите мотори на авионот, по што почнале да бегаат во засолниште, а метални делови паѓале насекаде низ селото.

Неколку автомобили и покриви на куќи се оштетени од вжештениот метал кој паѓал од небото.

Авионот итно слетал во Лиеж во Белгија.

Аеродромската полиција и холандскиот Одбор за безбедност започнале истрага, во обид да утврдат што се случило.

Сличен инцидент се случил и во САД, исто така во саботата, кога се запалил мотор на авионот Боинг 777 на компанијата „Јунајтед ерлајнс“, а делови од леталото паднале во предградие на Денвер.

0 Коментари

Остави коментари