Холанд сака да одлучи за идниот клуб до крајот на јануари
Foto

Холанд сака да одлучи за идниот клуб до крајот на јануари

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд сака да одлучи за нов клуб до крајот на јануари.

Според „Марка“, 21-годишниот Норвежанец моментално е на одмор во Марбеља каде води неформални преговори со клубовите. Се известува дека претставници на Барселона и Реал веќе се сретнале со напаѓачот. Двата клуба знаат дека фудбалерот сака да преговара за преселба до крајот на јануари, а трансферот би се реализирал на крајот на оваа сезона.

Во сезоната 2021/22, Холанд настапи на 16 натпревари за Борусија Дортмунд, постигна 19 гола и пет асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ го проценува норвешкиот репрезентативец на 150 милиони евра.

0 Коментари

Остави коментари