Хоџа: Ќе лобирам БЕСА да оди во опозиција ако сите други албански партии влезат во владата
Foto

Хоџа: Ќе лобирам БЕСА да оди во опозиција ако сите други албански партии влезат во владата

 

Генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа, вели дека ќе лобира партијата да замине во опозиција доколку во влада влезат сите други албански партии.

„Според одлуката на суверениот, Албанците мора да имаат опозициска опција. Додека јас лично можам да кажам дека ако сите албански партии сакаат да станат дел од Владата, јас би лобирал со целосно убедување во политичкиот субјект каде што делувам, движењето БЕСА, и покрај фактот дека ние сме победник и дека го обезбедивме мандатот на коалицијата „Можеме“, да ја разгледаме можноста со нашите пратеници да преминеме во опозиција и да не дозволиме Албанците да останат без опозиција во земјава“, пишува Хоџа во колумна за весникот „Коха“.

0 Коментари

Остави коментари