Хоџа: Инспекциите се на терен, помагаме да се откупи поголемо количество грозје
Не престануваат лозарските маки. И покрај договорот со Владата дека лозарите кои имаа нискокцалитетно грозје ќе добијат субвенција од 8 денари по килограм, тензично беше синоќа на неколку откупни пунктови во тиквешијата.
Лозарите се жалат дека и по некплкудневно чекање, нивните трактори биле враќани, поради ниската шеќербост на грозјето. Годинава лозарите имаа лоша година, но не поради нивна вина, туку поради времебските услови, вели министерот за земјоделство Аријанит Хоџа, кој сепак ветува дека грозјето ќе биде откупено.
Поради лошиот квалитет, но и вишокпт грозје кај винариите, лозарите годинава прво добија субвенција од владата од 4 денари за вранецот и смедеревката, а подоцна владата им вети уште 4 денари, за вранецот со шеќерност под 18 малигани. Министерот Хоџа вели дека во посчедниве 10 дена е постојано во Кавадарци, каде што заедно со земходелскиот инспекторат ја следи состојбата на терен.
На откупните пунктови синоќа до доцна беше и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кој се обидуваше да ги смири тензиите.