Хирург и неговиот син кој е лекар на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија позитивни на коронавирус
Foto

Хирург и неговиот син кој е лекар на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија позитивни на коронавирус

Хирург од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и неговиот син кој што е исто така лекар на оваа клиника се позитивни на коронавирус. 

Информацијата за ТВ24 ја потврди директорот на Клиниката, Неџати Јакупи. Тој вели дека нема други потврдени случаи на Ковид 19, а екипата која работела со лекарите е во изолација.

Екипите ротираа во групи, и немаа контакти едни со други. Двајцата лекари се заразиле надвор од Клиниката, и нивниот статус не влијае на работата на болницата, сите други се на своите работни места, изјави во телефонски разговор за ТВ24 Јакупи.

Двајцата лекари ќе бидат во денешниот билтен на новозаразени од Ковид 19 и починати, кој што се уште не го објави Министерството здравство.

0 Коментари

Остави коментари