Хезоња го блокираше Леброн во последните секунди за победа на Њујорк над Лејкерси
Foto

Хезоња го блокираше Леброн во последните секунди за победа на Њујорк над Лејкерси

Леброн Џејмс одигра силен меч, но Лос Анџелес Лејкерс дозволи трет последователен и вкупно триесет и деветти пораз за сезоната. „Езерџиите“ беа поразени на гостувањето во „Медисон Сквер Гарден“, а Њујорк триумфира со 124:123, откако Марио Хезоња го блокираше последниот шут на „кралот“ и така го обезбеди успехот на Никс.

Леброн постигна 33 поени, со 8 асистенции и 6 скока, а Кајл Кузма реализира 18 поени и 8 асистенции. Реџи Булок со 14 и Џонатан Вилијамс и Џавеил Мекги со по 12, исто така се претставија добро за гостите од Калифорнија.

Емануел Мудиеј беше најпрецизен за победниците со 28 поени и 8 асистенции, а ДеАндре Џордан наметна вистинска доминација со 15 поени, 17 скока, 7 асистенции и по еден блок и одземена топка. Демијан Дотсон со 25 поени, Хезоња со 17 и Кевин Нокс со 19 направија така што целата стартна петорка на домаќините да заврши со двоцифрени поединечни показатели.

Супер Марио имаше и 8 скока, одзеде 2 топки даде 1 асистенција и го блокираше потенцијалниот победнички шут на Леброн со единствеиот блок на мечот.

За Њујорк, ова е само четиринаесетта победа за сезоната.

Резултати од НБА:

Њујорк – Л.А. Лејкерс 124: 123

Мајами – Шарлот 93:75

Милвоки – Филаделфија 125: 130

Детроит – Торонто 110: 107

Орландо – Атланта 101: 91

Сакраменто – Чикаго 129: 102

Лос Анџелес клиперс – Бруклин 119: 116

Хјустон-Минесота 117: 102

 

0 Коментари

Остави коментари