Хепенинг „Кои сме ние“ во неделата кога се одбележува Меѓународниот ден на Ромите

Хепенинг со наслов „Кои сме ние“ се одржа денеска во Градскиот парк, во неделата во која се одбележува Меѓународниот ден на Ромите. Настанот е во организација на Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико.