ХЕЛСИНШКИ: СЕМЕЈСТВАТА ИМ НОСАт ХРАНА НА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ

Последните 10 години затворите во Македонија беа целосно затворени за Хелсиншкиот комитет за човекови права, увидот во состојбата и условите на казнено поправните установи во земјата беше недостапен се до Февруари оваа година, кога започнаа теренските проверки во рамки на проектот „Живот зад решетки” поддржан од амабасадата на САД во република северна Македонија

Претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, истакна дека ,иако има подобрување на условите , сеуште постојат проблеми во казнено поправните установи во земјата.

Според аналзите од истражувањата забележан е и делумен  напредок во  во однос на намалувањето на бројот на затвореници, со законот за амнестија  и изградба на новиот павиљон во Идризово , при што се исполнети сите стандарди. Позитивно е уривањето на  озлогласеното одделение Школарци  во Идризово, оддел со досега најлоши услови , а во очекување е уривање и на старачкото одделение. Супстандардни услови и понатаму се забележани во затвореното и женското одделение .

Една од главните препораки на Хелсиншкиот комитет е подобрување на здраствениот и образовниот процес во затворите,особено во малолетничките установи, како и ресоцијализација на затворените лица. Според проект координаторот на хелсиншкиот комитет Сибел Ахмет проблем постои и во комуникацијата помеѓу министерството за правда и здраство.

 

Аналзиата опфати 10 од 11 затвори во земјата, во периодот од Февруари до септември оваа година , а според  хелсиншкиот комитет во последните 10 години нема пријави на тортури во казнено поправните установи , но недостатокот на стражари во затворите резултира на зачестени физички пресметки помеѓу затворениците.