Хелсиншки комитет - повреди на правата на обвинетите за 27 април

Повреди на постапката и на правата на обвинетите констатира Хелсиншкиот комитет во судењето за 27-ми април. Во октомврискиот извештај забележан е нехумен третман кон притворените лица во овој предмет. Во првите неколку дена од судењето, тие биле оставени без храна и без вода. По реакции на набљудувачите од граѓанските организации и бранителите на обвинетите во притвор, судот реагираше и на притворените им беше овозможена храна и вода. Следното прекршување се однесува на должината на траење на едно судско рочиште, имено имаше рочишта кои траеја и повеќе од 12 часа, нотираат од хелсиншки во последниот извештај.