Хеликоптерската несреќа кобна за Коби, неговата ќерка и седуммина патници
Foto

Хеликоптерската несреќа кобна за Коби, неговата ќерка и седуммина патници

Спортскиот свет е во шок по веста за хеликоптерската несреќа во која животот го загуби еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант. Освен 41-едногодишниот екс-кошаркар, во несреќата згаснаа животите и на неговата 13-годишна ќерка, Џиана како и на седуммина патници.

Во тешката хеликоптерска несреќа загинаа тренерот по безбол на колеџ во Оринџ Каунти, Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса. Меѓу загинатите е и тренерката по кошарка, Кристина Маусер. Според Си-Би-Ес, во несреќата загинале и Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон, додека пилoт на хеликоптерот бил Ара Зобајан.

Според првичните информации од САД, густата магла е причината за страшната несреќа. Времето во Лос Анџелес вчера било магловито. Според податоците од контролата за летање, хеликоптерот на Коби се соочил со првите проблеми уште над зоолошката градина во Лос Анџелес. Тој кружел најмалку 6 пати, најверојатно чекајќи маглата да се расчисти. Пилотот ја контактирал контролната кула на аеродромот Бурбанк, по што се упатил најпрвин на север, а потоа завртел кон запад.

ФБИ го истражува местото на несреќата, изјави официјален претставник на Бирото.

Oфицијалната истрага за несреќата ја води Одборот за безбедност на националниот сообраќај и тој ги испитува причините за фаталната несреќа. Пилотот на хеликоптерот бил предупреден дека лета опасно ниско пред да се урне, со брзина од речиси 300 километри на час. Кусо време пред несреќата пилотот го кренал хеликоптерот на повеќе од 600 метри, а потоа се урнал на висина од околу 500 метри.

0 Коментари

Остави коментари