Хеликоптерот на МВР исфрли над 30 тони вода, локализиран пожарот на планината Жеден

Денеска (06.02.2024) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар на планината Жеден заради недостапен терен, го упати упати хеликоптерот Ми-172 кој делуваше на пожарот, по што истиот е локализиран. Хеликоптерот врз пожарот исфрли над 30 тони вода.