Хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода на пожарот кај Блаце

Во седум налети хеликоптер на МВР исфрли 10 тони вода за гаснење на пожарот во реонот на Блаце, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, информираа вечерва од МВР. 

Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК се вклучија во активности за гаснење на пожарот кај Блаце со хеликоптер Бел 412. 

Пожѓарот кај Блаце е меѓу петте активни пожари а отворено во државава, а интервенира и Бригадата за противпожарна заштита со пет возила и 20 пожарникари.