Хедер Нојерт нов амбасадор на САД во ОН
Foto

Хедер Нојерт нов амбасадор на САД во ОН

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја именува актуелната портпаролка на Стејт департментот, Хедер Нojерт за нов амбасадор на САД во Обединетите Нации.

Според „Фокс њуз“, ваквата одлука Трамп ќе ја објави денеска.

Сегашната американска амбасадорка во Светската организација Ники Хејли поднесе оставка во октомври, по 18 месеци минати на функцијата. Се очекува таа да се повлече од должноста во јануари.

Нојерт, која е поранешен дописник и водител во телевизијата „Фокс њуз“, нема претходно политичко или раководно искуство.

Таа е портпарол на Стејт департментот од април 2017 година, а оваа година беше назначена за помошник-секретар за јавна дипломатија и јавни работи.

0 Коментари

Остави коментари