Хашим Тачи: Косово ќе се обедини со Албанија
Foto

Хашим Тачи: Косово ќе се обедини со Албанија

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека во блиска иднина, Косово и Албанија ќе живеат заедно во една земја.

Оваа невообичаена изјава за еден шеф на држава, Тачи ја даде во северниот албански град Хас, при врачувањето на титулата  почесен граѓанин на овој град.

-Вие бевте заедно со нас  во војната и заедно живееме во слобода, а во блиска иднина заедно ќе живееме во една заедничка држава Косово и Албанија, рече Тачи.

Понатаму тој зборуваше и за Прешевската Долина, „територии населени со Албанци во Србија“, кои според него, ќе се припојат кон Косово, без закана „по ни еден милиметар од територијата на Републиката, без да ги допрат ниту Ујман (Газивода) ниту Трепча за возврат“.

-Знаете, а јас денеска повторувам пред Вас, мажи и жени на Хас, моја заклетва и животна посветеност е Прешево, Медвеѓа и Бујановац да се припојат кон територијата на Република Косово без да се влијае на ни еден милиметар од територијата на Републиката Косово, ниту Трепча, ниту Ујман, ниту Митровица, ниту ќоше од косовската територија, како предуслов за национално обединување порача Тачи во својата изјава.

Признанието почесен граѓанин, како што рече градоначалникот на Хас, Адем Лала му се доделува за „ангажирањето во војната за ослободување на Косово и потоа за неговата посветеност за Косово и за сите албански територии“.

0 Коментари

Остави коментари