„Хармонија“ на Филхармонија со дела од Бернштајн, Гершвин и Гулда
Оркестарот на Македонската филхармонија вечер, со почеток во 20 часот, ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист со интернационална кариера - Драган Ѓорѓевиќ. Концертот е насловен „Хармонија”, а диригент е маестро Мануел Хернандез-Силва од Венецуела/Шпанија.
Како што информираат од Македонската филхармонија, на програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернштајн и симфониската поема „Американец во Париз“ од Џорџ Гершвин.