Харел и Ленард ги предводеа Клиперс до петтата последователна победа во НБА
Foto

Харел и Ленард ги предводеа Клиперс до петтата последователна победа во НБА

Екипата на Лос Анџелес клиперс го совлада Њу Орлеанс со 134:109. За 12-та победа на Клиперс оваа сезона во НБА лигата и петта по ред, најзаслужни беа Монтрез Харел со 34 поени и 12 скока и Каваи Ленард кој мечот го заврши со 26 поени.

На другите три средби одиграни ноќта меѓу недела и понеделник постигнати се овие резултати:

Њујорк – Бруклин 101:103

Вашингтон – Сакраменто 106:113

Деневер – Феникс 113:104.

Во Западната конференција води ЛА лејкерс со 14-2 (победи-порази), пред Денвер кој има биланс 12-3, трет е тимот на ЛА клиперс со 12-5.

Милвоки е прв во Источната конференција со 13-3, следуваат Торонто, Бостон и Мајами со ефект 11-4.

0 Коментари

Остави коментари