Харден постигна 60 поени за три четвртини, Хјустон броеше до 158 против Атланта
Foto

Харден постигна 60 поени за три четвртини, Хјустон броеше до 158 против Атланта

Хјустон рокетс ги разби Атланта хокс со 158:111 во еден од трите натпревари во НБА лигата кои се играа рано утрово, а јунак на средбата беше незапирливиот Џејмс Харден, кој постигна 60 поени за само 31 минути игра.

Харден воопшто не влезе во игра во последната четвртина, но и за само три квартали успеа да направи шутерско шоу во „Тојота центарот“. Тој по четврти пат во кариерата постигнува 60 или повеќе поени, со што се изедначи со Мајкл Џордан. Повеќе „60-ки“ од нив имаат само Вилт Чемберлен и Коби Брајант.

Оваа игра на Харден е невидена досега, бидејќи имаше само 24 шута од поле, а досега кога еден играч дал над 60 поени, најмалку што имаше шутирано беа 26 обиди за два или три поени.

0 Коментари

Остави коментари