Хаосот во Скопје продолжува - сите се прогласуваат за ненадлежни

Скопје секој ден се соочува со сообраќаен хаос. Улиците полни со возила. Губење на време и пари на учесниците во сообраќајот поради стоење во место. Истовремена реконструкција на неколку главни сообраќајници кои се од витално значење на нормален проток. Возење по една или две ленти возачите вознемирени и нервозни особено во утринските и попладневите часови.

Телевизија 24 анкетираше низ улиците во Скопје а граѓаните велат дека покрај големмиот број на возила.

Побаравме одговор од град Скопје дали тие имаат некој акционен план за справување со сообраќајните гужви.

- Градот нема надлежност во регулирање на сообраќај, Центарот за управување и контрола на сообрраќајот ЦУКС служи исклучиво за мониторинг на сообраќајот во градот. Градот Скопје ниту има надлежност во регулирање при сообраќајни несреќи. - велат од град Скопје.

Од таму појаснуваат дека ЦУКС е формиран само за техничка контола и прибирање на податоци за сообраќајот во реално време.

- Главните функции на Центарот за управување и контрола на сообраќајот се технички активности како што се прибирање на податоци за сообраќајот во реално време, визуелно набљудување и информирање. ЦУКС нема законско право да го регулира сообраќајот.- велат од град Скопје.

Од град Скопје велат дека министерството за внатрешни работи односно сообраќајната полиција е единствениот орган кој може да го регулира сообраќајот. А од МВР кажаа дека сообраќајните полицајци реагираат по добивање на информациите токму од ЦУКС.

 

На главниот град му е потребна стратешка политика на сообраќај која треба да го одразува карактерот на Скопје како компактна, густа структура, со кратки патувања, а до тогаш возачите со трпение и сминерост додека се зад волан.