Хаос во Србија - полицијата удри по демонстрантите кои излегоа на протест против полицискиот час
Foto

Хаос во Србија - полицијата удри по демонстрантите кои излегоа на протест против полицискиот час

Граѓаните кои вечерва се собраа пред српскиот парламент, незадоволни од повторното воведување полициски час, ги пробија портите на парламентот и влегоа во зградата.

Стотици граѓани се собраа вечерва на пресекот на улиците Таковска, Кнез Милош и булеварот крал Александар, поради најавата зап овторно воведување на полицискиот час за да се спречи ширењето на коронавирусот. Граѓаните го запреа сообраќајот во близина на платото пред Националното собрание на Србија.

Граѓаните извикуваат „Вучиќ, крадец“, „Оставка“. Полициските вооружени сили реагирале со употреба на сила и ги исфрлиле демонстрантите. демонстрантите ги повикуваат студентите и сите оние кои, како што велат, се грижат за иднината на својата земја да се соберат пред собранието. Насобраните ги повикуваат граѓаните да им се придружат и вечерва да го пробијат полицискиот час.

Поранешниот пратеник на Двери, Срѓан Ного, за телевизијата Н1 изјави дека не знае чии приврзаници се собрани и дека „овде треба да се реши еден пациент кој ја уништува целата нација“. Ного се појави на платото пред Собранието на почетокот на протестот по 20 часот.

Радомир Лазовиќ од иницијативата „Да не го давиме Белград“, изјави дека причина за овој спонтан протест е акумулираното незадоволство од властите во Србија, но нагласи дека неговата организација не повикала на масовни немири поради опасност од коронавирусот.

Претседателот на Обединета Србија, Драган Марковиќ Палма вечерва го осуди насилството пред српскиот Парламент и обидот за влез во Парламентот го нарече терористички чин.

– На изборите на 21 јуни, граѓаните одлучија кој треба да влезе во Собранието. Ова насилство пред Собранието го организираа неуспешни политичари, кои не се во состојба да постигнат никаков резултат на изборите, па затоа се обидуваат да дојдат на власт со насилство, рече Марковиќ.

Тој оцени дека настаните пред Парламентот се „терористички чин“ и оти лидерите на таквиот „терористички чин“ мора веднаш да бидат уапсени.

20 солзавци беа фрлени на демонстрантите кои се обидоа насилно да влезат во Собранието, а има и повредени. Во моментов, демонстрантите се одалечија од Собранието и се упатија кон зградата на РТС. Истовремено, тие постојано фрлаат со камења врз полицајците, а беа запалени и неколку контејнери.

Пред зградата на РТС повторно дојде до судир и полицијата повторно употреби солзавец, а спроведува и потери по демонстрантите кои солзавците ги фрлаа назад кон полицијата.

Премиерката Ана Брнабиќ го осуди овој чин и изјави дека дравата ќе стори се да го заштити уставниот поредок во мментот кога Србија се справува со коронавирусот. За протестите ја обвини опозицијата. Воведувањето на полицискиот час од петок до понеделник резултираше по зголемениот број на новозаразени во Србија. Во последното деноноќие 13 лица ја изгубија битката со вирусот, 299 се новозаразени, а 110 се на респиратор.

Foto

0 Коментари

Остави коментари