Хаос во Советот на Кочани, физичка пресметка меѓу советници

Физички инцидент ја одбележа денешната 65-та седница на Советот на општина Кочани, откако вербалната расправија меѓу советникот Аки Акиов од Партијата за Демократски Просперитет на Ромите и координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Стојков, ескалираше во физичка пресметка.

На видеото од пренос во живо се гледа дека по расправијата со Стојков Акиов обидувајќи се да удри со шише кон друг советник истото завршува во главата на правничка од општината.

вд градоначалникот на Кочани Венко Крстевски вели дека поради случката не се изгласала точка за меѓуопштинска соработка, според Крстевски денешниот инцидент бил поради прогресот кој го има Кочани во последните два месеца.

Опозицијата пак и денес на прес конференција уште еднаш јавно ја прашува власта дали пари за рекет од „Пулс“ завршувале во партијата и лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Од СДСМ вчера пласираа информации за тоа дека имале сознанија за можноста да има фиктивно сметководство за фирмите поврзани со дискотеката „Пулс“, преку фирмата „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип истовремено и долгогодишен донатор на ВМРО-ДПМНЕ додаваат од Бихачка.    

Запрашан премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како го коментира обвинувањето на СДСМ вели дека со некрофилија сакаат политички поени, со апел до обвинителството да постапува како за „Пулс“ и со случаите кои што се случија за време на владеењето на СДСМ како што се модуларна болница, дурмотурс, беса транс.

 иот Љупчо Коцевски треба да оствари средба со семејствата на жртвите во пожарот во дискотеката Пулс. На која ќе им биде објаснето кој од обвинетите што направил и со тоа придонел да дојде до трагедијата како и зошто за 11 - те осомничени во истрагата е запрена кривичната постапка.