Хаос во град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска во отворена војна

Испровоцирана од советникот на ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески кој ја обвини дека вршела влијание за смена на Комисијата за евалуација на понудите за проектот за пречистителна станица.

Тој ја праша и зошто чекала месец и половина за да го разреши ако се точни нејзините тврдења.

Со оставка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски продолжија јавните обвинувања на релација Данела Арсовска - ВМРО-ДПМНЕ. Ова следува по разрешувањето на директорот на водовод Златко Перински поради договор кој што го имал заедно со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ за тендер вреден 136 милиони евра.

Наместо да работат за граѓаните, за скопјани, за развојот на градот, гледаме кулминација на една брутална кавга помеѓу Мицкоски и Арсовска. Само за лични, партиски и бизнис интереси на структури во ВМРО-ДПМНЕ истакнаа од СДСМ

Инаку сто вработени во ЈП Водовод и канализација ќе добијат отказ откако Градот Скопје реши да не им ги продолжи договорите за работа кои им истекуваат утре.

„По најава пред еден месец за вонредна ревизија на вработувањата кои ги склучил екс-директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Златко Перински покажа дека речиси 100 лица се нововработени за неколку месеци. Градот Скопје нема да толерира расипничко однесување кое претставува дополнителен товар врз буџетот во услови на економска и енергетска криза. Од тие причини се ревидира оправданоста на новите вработувања во ЈП Водовод и канализација - Скопје“, објаснија од Градот.