Хаос во Франција, граѓаните се тепаат со полицијата
Илјадници демонстранти од рано утрово излегоа на улиците низ цела Франција, попречувајќи го сообраќајот, судирајќи се со полицијата, во обид да „блокираат сè“, во знак на гнев кон политичката класа и планираните намалувања на буџетот.
Безбедносните сили на Франција се распоредени низ целата земја, за да се обидат да ги укинат сите блокади што е можно поскоро. Досега се уапсени стотици демонстранти низ земјата, а околу 6.000 полицајци и жандарми се мобилизирани во главниот град.
Демонстрациите се случуваат во услови на политички превирања, 2 дена откако Парламентот го собори премиерот Франсоа Бајру со гласање за недоверба поради неговите планови за намалување на растечкиот долг на земјата.

