Хаос во Атина, народот излезе на улица бесен поради железничката несреќа
Вечерва на улиците во Атина избувнаа нереди кога голем број демонстранти, лути на власта, излегоа на улиците.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вечерва изјави дека сè укажува дека човечка грешка е причина за несреќата во која загинаа повеќе од 40 лица, но дека ќе биде формирана независна комисија од експерти која ќе истражи се.
„Штотуку се вратив од сцената на трагедијата која засекогаш ќе остане во нашата колективна меморија. Десетици наши сограѓани Грци, главно млади луѓе, таму ги загубија животите во страшна железничка несреќа што не е запишана во историјата на нашата земја – рече Мицотакис во своето обраќање.
Свртничарот на железничката станица во грчкиот град Лариса, според медиумите во земјата, признал дека е виновен за синоќешниот катастрофален судир на возови, во кој загинаа повеќе од 40 луѓе.
Според грчката телевизија „Скај“, железничарот е уапсен и тој пред истражителите признал дека го испратил еден од возовите на погрешен колосек, од кој во спротивна насока веќе се движел другиот воз. Несреќниот свртничар рекол дека ја сфатил грешката веднаш штом слушнал за страшната несреќа.