Хаос пред болницата „8 септември, министерот Филипче вели се е под контрола
Ова е само дел од хоророт на македонското справување со пандемија - вака дел од граѓаните коишто чекаа за преглед во ковид центарот на „8 Септември“ реагираа на социјалните мрежи.
Велат дека Луѓе со покачена телесна температура, отежнато дишење и други инфективни болести меѓу кои и оние сомнителни на коронавирусот измешани едни со други чекаат за преглед пред вратите на центарот со часови.
„Ако немаш упат од матичен ( пр. Ти се влошила состојба ноќе и немало кој да ти издаде упат-Не те примаат, те брка обезбедувањето). Ова е во Ковид центарот во 8ми септември, на клиника пак да те примат е научна фантастика. Со упат чекав два дена по 3 часа за да ми дадат проклет упат за ренген и не дочекав, измрзнав и нормално морав да го правам приватно.“ - вели Ана Јанкулоска.
Екипата на ТВ24 денеска се увери дека болничкото обезбедување не дозволува снимање на јавниот простор и немавме можност да се задржиме подолго...ја затекнавме истата хаотична атмосфера, акде болни и здрави пациенти се борат да дојдат до лекар...Дел од луѓето се жалат дека чекаат со часови.
Полицијата пак, тврди дека има шатор со греење и домофон за пациентите да не чекаат за преглед надвор на минусни температуири, но тие одбивале да седат во него. Првиот човек на болницата Христијан Костов вели дека обезбедувањето е тоа што треба да се грижи за редот на пациентите.
Министерот за здравство Венко Филипче пак денеска од владината говорница повторно порача дека добро се менаџираат болниците и здравствените установи.
Министерот Филипче денеска соопшти дека врвот на есенскиот бран бил забележан минатиот вторник кога за еден ден имало 1.407 заразени и дека потоа ситуацијата почнала да се стабилизира. Оптимист е дека состојбата сега е стабилизирана и дека со сегашните рестриктивни мерки се очекува броевите да продолжат да се намалуваат.