Хант: Загрижени сме да не почне случајна војна
Foto

Хант: Загрижени сме да не почне случајна војна

Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, изјави дека Британија не смета дека ниту САД ниту Иран  сакаат војна, но дека е многу загрижена дека би можело покренување случајна војна.

-Ние сме многу загрижени: не мислиме дека ниедна страна сака војна, но ние сме многу загрижени дека би можеле да се најдеме во случајна војна и правиме се што може за да ги смириме работите, изјави Хант за Радио Би-Би-Си.

Хант додаде дека Велика Британија е во близок контакт со САД во врска со „многу опасната ситуација во (Персискиот) Залив”.

-Правиме се што можеме за деескалација на ситуацијата, рече Хант.

0 Коментари

Остави коментари