Хан: Северна Македонија е единствената земја во регионот што нема спор со ниту еден сосед

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во интервју за Дојче Веле, изјави дека Северна Македонија направила многу решавајќи ги спорните прашања со Грција и Бугарија и станала единствената земја во регионот која нема спор со ниту еден сосед.

Прашан дали Северна Македонија може да отвори преговори со ЕУ доколку во Албанија не биде постигнат компромис, Хан рече дека ставот на еу секогаш бил засебен за секоја поединечна земја.

„Не би било фер ако една земја треба да чека друга... Тоа е основа... Секако би било идеално кога сите земји од регионот би станале дел од еу истовремено, но тоа не е реално“ - изјави Хан за „Дојче Веле“.