Хамилтон: Зачудувачки е што сме толку блиску до Ферари
Foto

Хамилтон: Зачудувачки е што сме толку блиску до Ферари

Пилотот на мерцедесот и актуелен светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон призна дека очекувал поголемо заостанување зад Ферари на италијанското Гран-при.

На вториот тренинг Британецот доцнеше зад Шарл Леклер само 0,068 секунди.

„Очигледно Ферари се прилично брзи на право. Но, во промена на ритам ние сме силни. Дури и поблиску до Ферари отколку што очекувавме. Изгледа дека можеме да наметнеме борба. Ова, искрено, е неверојатно. Иако не знаев што да очекувам овде. Постојат неколку пресврти и вртења во кои можеме да ги надоместиме. Ова ги балансира шансите. Трката ќе биде тешка, но ние сме на еднакви шанси со Ферари“ - изјави Хамилтон.

Главната трка од Ф1 шампионатот за Големата награда на Италија е утре со почеток во 15:10 часот.

0 Коментари

Остави коментари