Хамилтон триумфираше во трката за Големата награда на Кина во Ф1, втор заврши Ботас, трет Фетел
Foto

Хамилтон триумфираше во трката за Големата награда на Кина во Ф1, втор заврши Ботас, трет Фетел

Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес прв ја мина целта на денешната трка во Формула 1 возена во Шангај, за Големата награда на Кина. Зад Хамилтон заврши неговиот тимски колега Валтери Ботас, додека Себастијан Фетел од Ферари трката ја заврши како трет.

Хамилтон одлично стартуваше, прв влезе во почетниот свиок и до крајот на трката неговата позиција не беше загрозена. И Ботас исто така имаше мирно возење. За момент ја загуби втората позиција, но брзо се врати откако го претекна Леклер.

Последното место на подиумот е за Себастијан Фетел, кој во финишот остана и без додатниот бод за најбрз круг.

Бодови во Кина земаа и Рикиардо, Перез, Раиконен и Албот. За Албот ова беше прв бод во кариерата.

0 Коментари

Остави коментари