Хамилтон триумфираше во Сочи, пред Ботас и Леклер
Foto

Хамилтон триумфираше во Сочи, пред Ботас и Леклер

Британецот Луис Хамилтон триумфираше на трката во Сочи, за Големата награда на Русија во Формула 1. Ова беше деветти триумф на Хамилтон сезонава со што се зацврсти на челната позиција во генералниот пласман во Ф1.

Еден - два триумфот за Мерцедес го комплетираше неговиот клупски колега Валтери Ботас која трката ја заврши како втор. Сезонава по осмипат пилотите на Мерцедес завршуваат на првите две позиции.

Трет низ целта мина Французинот Шарл Леклер од Ферари, а како четврти трката во Русија ја заврши Макс Ферстапен од Ред Бул.

Во генералниот пласман распоредот е истиот како и денешниот Хамилтон - Ботас - Леклер.

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел не ја заврши денешната трка откако имаше проблеми со болидот.

0 Коментари

Остави коментари