Хамилтон супериорно до пол-позицијата во Абу Даби
Foto

Хамилтон супериорно до пол-позицијата во Абу Даби

Иако ги исцрпи сите мотиви за да се натпреварува со конкурентите во генералниот пласман, Луис Хамилтон, сепак, најде инспирација да извози најбрзи квалификации во Абу Даби и да ја освои 88. пол-позиција во кариерата, шеста оваа сезона и прва по Германија. 

Згора на тоа, ја заслужи со нов рекорд на патеката „Јас Марина“ (1:34.779), продолжувајќи ја овде династијата на Мерцедес, кој ја има пол-позицијата непрекинато од 2014 година до денеска.

Вторo време оствари Валтери Ботас, со 194 илјадитинки задоцнување, но тој нема да стартува втор, поради казната која ја заработи за промена на моторот. Ќе тргне од последната позиција, затоа кон второто место ќе се помести Макс Ферстапен од Ред Бул, а трет и четврти ќе стартуваат Шарл Леклер и Себастијан Фетел од Ферари.

Првата десетка завршува со Албон, Норис, Рикардо, Сајнц, Хулкенберг и Перез. 

Трката во Абу Даби почнува утре во 14 часот.

0 Коментари

Остави коментари