Хамилтон стигна до 10-тата победа откако беше најбрз на трката за Големата награда на Мексико
Foto

Хамилтон стигна до 10-тата победа откако беше најбрз на трката за Големата награда на Мексико

Луис Хамилтон ја освои големата награда на Формула 1 што се возеше во Мексико Сити. Себастијан Фетел заврши на втората позиција, а Валтери Ботас ја освои третата позиција и покрај синоќешниот инцидент кога удри во заштитната ограда.

Актуелниот британски првак кој вози за тимот на Мерцедес не беше лидер до средината на трката, но потоа го презема првото место и ниту еднаш не дозволи друг возач да го престигне. На Хамилтон му требаше победа во Мексико за титула, но под услов Ботас да заврши подоле од четвртото место. До тоа не дојде, па хамилтон титулата ќе ја брани на следната трка за една недела во Остин, Тексас, САД.

Втората позиција на Ф1-трката му припадна на Себастијан Фетел од Ферари, додека трет заврши Валтери Ботас од тимот на Мерцедес. На четвртото место заврши Чарлс Леклерк, потоа следеше Александре Албон од Ред Бул, пред клупскиот колега Макс Вертсапен. Најдобрите десет ги комплетираа Себастијан Перез, Даниел Рикардо, Даниел Квјат и Пјер Гасли.

За Луис Хамилтон ова беше 83 триумф во кариерата. На наредната трка, Хамилтон ќе треба да освои четири поени повеќе од Валтери Ботас за официјално да биде крунисан за старо-нов првак во најбрзиот автомото спорт, шести пат во историјата.

0 Коментари

Остави коментари