Хамилтон со пол позиција за Големата награда на Португалија
Foto

Хамилтон со пол позиција за Големата награда на Португалија

Во последниот момент Луис Хамилтон се избори за пол позицијата за Големата награда на Португалија на нејзиното враќање по 26 години. Британецот го забележа најдобриот круг откако истече времето од сесијата, на разочарување на Валтери Ботас, кому му ја украде пол-позицијата.

Финецот имаше најдобро време на сите слободни тренинзи, и се чинеше дека ќе стартува како прв откако во вториот обид во третата сесија постави време од 1:16.754.

Но, Хамилтн покажа зошто доминира во последните неколку години, и откако истече времето од сесијата, тој комплетираше круг за 1:16.652.

Макс Верстапен беше единствениот друг возач кој постави време под минута и 17 секунди, но не можеше да се замеша во битката за пол-позиција. Друштво во третиот ред ќе му прави Шарл Леклер, кој уште еднаш дека има подобрувања од Ферари. 

Потоа следуваа Серхио Перез, Алекс Албон, Карлос Саинц, Ландо Норис, Пјер Гасли и Даниел Рикардо. 

Пред самиот старт, имаше и смешна ситуација кога Шарл Леклер побара објаснување од инженерите во Ферари, бидејќи во еден момент, почнал да го слуша разговорот меѓу Луис Хамилтон и одговорните луѓе на Мерцедес преку своето тимско радио.

- Што се случува, што се случува? Зошто го слушам радиото од останатите? Го слушав Хамилтон преку радиото. Слушав инженер или некој друг, - рече Леклер.

- Потврдено, сега се треба да биде во ред, - му одговорија од италијанскиот тим.

ГН на Португалија ќе се вози на патеката Алгавре утре во 15 часот.

0 Коментари

Остави коментари