Хамилтон со 98 пол позиција на квалификациите во Бахреин
Foto

Хамилтон со 98 пол позиција на квалификациите во Бахреин

Луис Хамилтон беше најбрз на квалификациите за утрешната трка за Големата награда на Бахреин. Ова е негова 98 пол позиција и му недостасуваат уште две за да стане оствари рекорд од 100 пол позиции. Утре Хамилтон ќе тргне од првата позиција на трката за Големата награда на Бахреин, трета одзади во календарот на Формула 1.

Шампионот на Формула 1 оствари најдобро време од 1:27.264 пред клупскиот колега Валтери Ботас кој заостана речиси 300 стотинки. Третото место му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул. Британецот стигна до пол-позиција и со нов рекорд на патеката. Со време од 1:27.264 тој беше недостижен за останатите двајца.

На три трки до крајот на сезоната во Формула 1, Хамилтон може да изедначи или да собори уште три рекорди на легендарниот Михаел Шумахер. Тојсезонава ја освои седмата титула колку што има и Шумахер, и го собори рекордот на Шумахер за најмногу победи во кариерата.

Возачите на тимот на Ферари, Чарлс Леклерк и Себастијан Фетел, завршија на единаесеттото, односно дванаесеттото место во пласманот.

Трката за Големата награда на Бахреин стартува утре со почеток од 15часот.

Последните три трки сезонава во Формула 1 е предвидено да се одржат во следните три викенди, со утрешната трка во Бахреин, а на истата патека ќе се вози и на 6 декември, а последната трка сезонава е во Абу Даби на 13 декември.

0 Коментари

Остави коментари