Хамилтон славеше на „Нирбургринг“ пред Ферстапен и Рикардо
Foto

Хамилтон славеше на „Нирбургринг“ пред Ферстапен и Рикардо

Британскиот Формула 1 возач, Луис Хамилтон славеше на трката за Големата награда на Ајфел возена на „Нирбургринг“ иако стартуваше од втората позиција. Неговиот клупски колега од Мерцедес, Валтери Ботас многу рано испадна од позициите кои носат висок пласман.

Позицијата на Хамилтон не беше загрозена во целата трка (откако изби на лидерската позиција), па Макс Ферстапен со Ред Бул мораше да се задоволи само со втората позиција.

Место на подиумот имаше за Даниел Рикардо. Од четвртата позиција следуваа Серхио Перез, Карлос Саинц, Пјер Гасл, Шарл Леклер и Нико Хулкенберг.

Со денешната победа во Германија Хамилтон успеа да се израмни со Михаел Шумахер на врвот на листата по број на победи во историјата на Ф1.

0 Коментари

Остави коментари