Хамилтон пред Ботас и Саинц на саботните квалификации на „Монца“
Foto

Хамилтон пред Ботас и Саинц на саботните квалификации на „Монца“

На денешните квалификациите за трката на Големата награда на Италија возени на легендарната „Монца“ ништо ново - повторно доминацијата на Мерцедес.

Луис Хамилтон имаше најдобро време, пред својот тимски колега Валтери Ботас. Воедно Британецот патеката ја помина за 1:18.887 и постави рекорд на сите времиња во „најбрзиот циркус“ во светот.

За Хамилтон ова е 94-та пол позиција во кариерата.

Валтери Ботас заврши втор, а Карлос Саинц се избори за трето најдобро време.

Следуваа Серхио Перез, Макс Ферстапен, Ландо Норис, Даниел Рикиардо, Ленс Строл, Алекс Албон и Пјер Гасли.

Ново разочарување кога се работи за пилотите на Ферари. Леклер утре ќе стартува 13-ти, а Фетел дури 17-ти.

0 Коментари

Остави коментари