Хамилтон повторно на врвот по враќањето на Формула 1
Foto

Хамилтон повторно на врвот по враќањето на Формула 1

Формула 1 се врати и резултатот е ист. Луис Хамилтон беше најбрз во првата слободна тренинг сесија пред Австриското Гран При во недела.

215 дена откако Британецот ја премина финалната права во Абу Даби и ја крена титулата, новата сезона започна пред празни трибини на „Ред Бул Ринг“ и строги правила поради пандемијата од Ковид 19.

Веќе насликани црно и испраќајќи порака против расизмот и дискриминацијата, автомобилите на Мерцедес беа пред сите, со Хамилтон пред неговиот тимски колега Валтери Ботас за 3 десетини.

Макс Верстапен со Ред Бул, кој победи на претходните 2 трки тука и се очекува да биде голем конкурент на Мерцедес и сега, остана трет, 6 десетинки од времето на Луис, откако се заврти на кривината бр.1.

Карлос Сајнц и Ландо Норис му донесоа ветувачко 4-то и 6-то место на Мекларен, додека меѓу нив се најде Серхио Перез со Рејсинг Поинт. 

Ферари даде само 10-то и 12-то време, но Себастијан Фетел и Шарл Луклер работеа со потешки гуми и фокусот на тимот беше далеку од брзината.

0 Коментари

Остави коментари