Хамилтон: Нема време за славење на победата во Катар
Foto

Хамилтон: Нема време за славење на победата во Катар

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, изјави дека нема многу време за славење на победата на ГН на Катар.

Во Генералниот пласман Хамилтон заостанува зад возачот на Ред Бул, Макс Верстапен осум бода.

– Голема благодарност до момците од тимот, до сите мажи и жени во базата кои дадоа се од себе за ова. Ова особено важи за вториот дел од сезоната. Се обидовме да ги стигнеме конкурентите. Ова е прекрасно чувство, но нема време за славење, нема време за одмор. Ќе се фокусираме на работата и ќе продолжиме да бркаме, изјави Хамилтон.

Седумкратниот светски шампион призна дека е задоволен од својата форма.

-Се чувствувам одлично. Мислам дека од физичка гледна точка сум во најдобра форма цела сезона. Чувството во болидот е подобро од било кога, а пред следната трка од Ф1 шампионатот сум позитивно расположен. Веројатно тие (Ред Бул) ќе се покажат прилично добри, и јас со нетрпение ја очекувам битката, изјави Хамилтон.

До крајот на сезоната во светскиот шампионат во Формула 1 остануваат само уште две трки.

0 Коментари

Остави коментари