Хамилтон најбрз и на вториот тренинг во Австрија
Foto

Хамилтон најбрз и на вториот тренинг во Австрија

Луис Хамилтон најави доминација во првиот гран-при викенд од новата сезона во Формула 1, поставувајќи најбрзи времиња и на првиот и на вториот петочен тренинг. На попладневниот го забележа најдоброто време во денот, 1:04.304, престигнувајќи го тимскиот колега Валтери Ботас кој дотогаш водеше.

Финецот остана втор во конечниот поредок на вториот тренинг со 197 илјадитинки зад времето на Хамилтон. Третото место му припадна на исклучително брзиот Серхио Перез, кој задоцни 64 стотинки зад Хамилтон, а беше побрз од Себастијан Фетел за 16 илјадити делови од секундата. Првата десетка ја заокружија Рикардо, Норис, Ферстапен, Леклер и Саинц.

Кими Раиконен имаше кратко излетување со својата Алфа на свиокот број шест, каде што се изврте и Ферстапен. Свиокот број еден, пак, беше незгоден за Алекс Албон, Никола Латифи и за Данил Квјат. Утре во 12 часот е закажан третиот слободен тренинг, додека квалификациите се од 15 часот.

0 Коментари

Остави коментари