Хамилтон ја заврши сезоната со победа во Абу Даби
Луис Хамилтон е победник на последната трка во 2018, пред Себастијан Фетел и Макс Ферстапен.
Трката почна со голем инцидент во кој болидот на Нико Хулкенберг се преврте, но Германецот мина без повреди. Потоа следуваше откажување и на Кими Раиконен кој го паркираше своето Ферари на старно-целната рамина.
Виртуелното безбедносно возило стапи на сила и при двата инцидентa, а по овој вториот, Луис Хамилтон реши да влезе во бокс и да ги замени гумите. Иако тоа го стори рано и постоеше сомнеж дали ќе може да издржи до крај, Британецот не беше загрозен во ниту еден момент од ривалите.
Зад него, Себастијан Фетел го претекна Валтери Ботас во битката за втората позиција, а Финецот потоа беше претекнат и од двајцата возачи на Ред Бул, најпрво од Макс Ферстапен со кого имаше и мал контакт а потоа и од Даниел Рикиардо.
Во бодови уште завршија и Карлос Саинц, Шарл Леклер, Серхио Перез, Роман Грожан и Кевин Магнусен. Оваа трка ја реши состојбата во генералниот поредок зад Хамилтон и Фетел. Кими Раиконен остана трет со 251, Ферстапен се проби на четвртото со 249, а Ботас падна петти со 247.
We knew they were coming 🍩
— Formula 1 (@F1) November 25, 2018
But we didn't know it would be these three 👀 😍#AbuDhabiGP #F1 pic.twitter.com/PAZF1QEsfA