Хамилтон ја освои и седмата титула и се израмни со легендарниот Шумахер
Foto

Хамилтон ја освои и седмата титула и се израмни со легендарниот Шумахер

Британецот Луис Хамилтон и дефинитивно стана најдобриот формула 1 возач, откако победина трката за Големата награда на Турција. Второто место го освои Серхио Перез од Рејсинг поинг, додека третопласиран беше Себастијан Ветел од Ферари.

Британецот стартуваше од шестата позиција, беше технички и тактички е најдобар, и заслужено заврши прв со 26 секунди пред второпласираниот Перес.

Во последниот круг имаше драма за освојување на второто место кога Леклер прво го помина Перес, потоа Перес си ја врати втората позиција, а на крајот Леклер ја загуби го загуби и третото место од Ветел.

Хамилтон со оваа победа во Турција и официјално стигна до седмата титула во Ф1 шампионатот и се израмни со легендарниот Михаел Шумахер. Британецот првата титула ја освои во 2008 година, а шест години подоцна започна неговата доминација. Беше шампион во 2014, 2015, 2017, 2018, 2019 и сега во 2020 година. Хамилтон воедно ја забележа својата 94. победа и 73-та за еден ист клуб, во случајов Мерцедес, надминувајќи го Шумахер кој имаше 72 победи како возач на Ферари.

Цел викенд беше врнежливо во Истанбул, па очекувано и трката беше турбулентна. Уште на стартот во првиот круг се случи мешаница и имаше рестарт. Во услови кога возачите се двоумеа со какви гуми ќе возат патеката на која во одреден дел беше водена, а во еден дел сува, Хамилтон тактични беше најдобар.

Британецот направи промена на гумите во првите неколку круга и потоа повеќе од 50 кругови возеше со исти гуми кои издржаа и на крајот се радуваше испишувајќи историја. Пред последните три трки, Хамилтон има 110 бодови повеќе од својот тимски колега и тој е недостижен на првата позиција.

 

 

0 Коментари

Остави коментари