Хамилтон ја освои 90. пол-позиција во кариерата
Foto

Хамилтон ја освои 90. пол-позиција во кариерата

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата за утрешната трка од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Унгарија. На патеката „Хунгароринг“ Британецот ја освои 90. пол-позиција во кариерата, рушејќи го рекордот на патеката – 1 минута 13.447 секунди.

Според бројот на победи во квалификациите, Британецот го зацврсти своето водство на вечната листа во историја на Формула 1. Втората позиција ја зазема Германецот Михаел Шумахер (68 пол), третата – Бразилецот Аиртон Сена (65).

Пласман на првите десет во денешните квалификации за глабната трка на унгарското Гран-при: Хамилтон, Валтери Ботас, Ленс Строл, Серхио Перез, Себастијан Фетел, Шарл Леклер, Макс Верстапен, Ландо Норис, Карлос Сајнц, Пјер Гасли.

Почетокот на утрешната трка е во 15 часот и 10 минути.

0 Коментари

Остави коментари