Хамилтон ја грабна пол-позицијата и во СПА
Foto

Хамилтон ја грабна пол-позицијата и во СПА

Без да биде загрозен од кој било од конкурентите, Луис Хамилтон стигна до пол-позицијата за трката за големата награда на Белгија, негова петта оваа сезона и 93-та во кариерата.

Актуелниот светски шампион двапати го уриваше рекордот на Спа Франкошан и со конечно време 1.42:252 пројури низ целта за да го зацементира првото стартно место, пред тимскиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас на втората позиција, доцнејќи пола секунда.

За третата позиција се избори Макс Ферстапен од Ред бул, Даниел Рикардо го оствари најдобриот свој пласман сезонава со четвртото место, а вторите возачи на Ред бул и Рено се пласираа петти и шести, Албон, односно Окон.

До десеттото место утре на стартот ќе се поредат Саинц, Перез, Строл и Норис, а уште еднаш разочараа возачите на Ферари со ужасни перформанси, освојувајќи го 13-то место за Лаклер и 14-то за Фетел.

Трката за големата награда на Белгија ќе се вози утре од 15.10 часот, ќе биде седма оваа сезона, а во неа Хамилтон ќе влезе како лидер во генералниот пласман со 132 бода, 37 повеќе од Ферстапен.

0 Коментари

Остави коментари