Хамилтон го сруши рекордот на Шумахер, победи на Големата награда на Португалија
Foto

Хамилтон го сруши рекордот на Шумахер, победи на Големата награда на Португалија

Британецот Луис Хамилтон влезе во историјата на Формула 1. Со 92 победа, го сруши рекордот на Михаел Шумахер. Во Генералниот поредок Хамилтон е убедлив лидер со 256, пред Ботас кој има 179, трет е Верстапен со 162 бода

„Многу тешка патека. Вистински тест. Неверојатни промени во висината. На многу места на патеката, едноставно не можете да видите каде одите всушност. На излезот од осмиот свиок, само некое време се загледувате во небото, без идеја што ве чека над ридот.“ - рече вчера Хамилтон по освојувањето на пол позицијата на квалификациите.

Заедно со Валтери Ботас, британскиот возач доминираше и се пласира пред третопласираниот Макс Верстапен. Холанѓанецот не супеа да се приближи со двојката на Мерцедес и мораше да се задоволи со третото место.

Чарлс Леклер заврши на четвртото место на задоволство на неговиот тим Ферари. Во првите 10 место обезбедија уште и: Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гасли (Алфа Таури), Карлос Сајнц (Мекларен), Серхио Перез (Рејсинг Поинт), Естебан Окон (Рено Спорт), Даниел Рикиардо (Рено Спорт) Себастијан Фетел (Ферари).

Хамилтон без проблем ја одбрани пол-позицијата и дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман. До крајот на сезоната треба да се случи чудо за тој одново да не биде крунисан за Ф1 шампионт.

Следната трка е закажана на првиот ден од месец ноември, за ГН на Емилиа Ромања.

Foto

0 Коментари

Остави коментари