Хамилтон е победник на трката за ГН на Бразил - втор беше Ферстапен
Foto

Хамилтон е победник на трката за ГН на Бразил - втор беше Ферстапен

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на трката одржана вечерва во Сао Паоло за Големата награда на Бразил.

Британецот претходно беше казнет со пет бода поради промена на моторот, а потоа беше исклучен и од квалификацискиот протокол поради прекршување на правилата. И покрај тоа што стартуваше од 10. позиција, на крајот успеа прв да мине низ целта.

Втор на крајот беше Макс Ферстапен, додека место на победничкиот подиум обезбеди и Валтери Ботас од Мерцедес освојувајќи го третото место.

Бодови освоија уште (4 – 10. место): Серхио Перез (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Карлос Саинц (Ферари), Пјер Гасли (Алфа Таури), Естебан Окон (Алпин), Фернандо Алонсо, (Алпин), Ландо Норис (Мекларен).

По оваа победа, Хамилтон му се доближи на лидерот во Генералниот пласман, Ферстапен на само 14 бода на три трки до крајот на шампионатот во Формула 1 за 2021 година.

0 Коментари

Остави коментари