Хамилтон е победник на денешната трка за Големата награда на Унгарија
Foto

Хамилтон е победник на денешната трка за Големата награда на Унгарија

Светскиот шампион Луис Хамилтон е победник на денешната трка на Хунгароринг за Големата награда на Унгарија. До 86 победа во кариерата, односно рекордна осма победа на оваа патека, а трета по ред, Британецот стигна откако стартуваше прв и го сочува челното место до крајот и тоа на моменти имаше убедлива предност во однос на конкурентите.

Хамилтон возеше сигурно, а најинтересните битки се водеа за другите места на подиумот како и за бодовите.

Другиот возач на Мерцедес Валтери Ботас жестоко ја бркаше втората позиција, сепак, не успеа да застане веднаш до Хамилтон на подиумот. Всушност возачите на Мерцедес денеска се натпреваруваа кој ќе го впиша најбрзиот круг. Неколку пати го подобруваа времето.

Сепак, второто место му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул, а Ботас се пласираше на третото место. Топ 5 го коплетираа Ленс Строл од Рејсинг поинт, и Алекс Албон од Ред Бул. Возачите на Ферари повторно имаа лош настап. Фетел во финишот беше претекнат од Албон и заврши на шестото место, а Леклер дури на 11 позиција.

Покрај 25 бода за победата, Хамилтон го освои и бодот за извозен најбрз круг (1.16.627 минута). Од 4-10. место се пласираа: Строл, Албон, Фетел, Перез, Рикардо, Магнусен и Сајнц.

По денешната трка во Унгарија, трета оваа сезона во Формула 1, Хамилтон изби на првото место во генералниот поредок со бода 63, пред Ботас кој има 61.

Следнатата трка е за 14 дена.

0 Коментари

Остави коментари