Хамас се согласи да ги одложи отворените прашања во преговорите за подоцна, тврди извор близок до групата
Хамас се согласи да одложи неколку отворени прашања во преговорите со Израел за подоцнежна фаза од предложеното примирје, во замена за ослободување на заложниците, изјави извор близок до оваа милитантна група.
Изворот за катарскиот весник „Al Arabi Al Jadeed“ изјави дека египетските, катарските и американските посредници ја поддржале оваа порака на Хамас и дека Египет покажал подготвеност да го прифати одложувањето на повлекувањето на израелските сили од Газа по маршутата „Филаделфија“, долж границата меѓу Газа и Египет за подоцна.
Како што пренесува „Тајмс оф Израел“, изворот навел дека преговорите сега се „најблиску до крајот“ и дека одговорот на Израел на предлогот на Хамас се очекува во наредните часови.
Израел, меѓутоа, нагласува дека нема да се согласи на примирје што би спречило повторен почеток на борбите.