Хамас објави список со имиња на 20 израелски заложници, кои ќе бидат ослободени

Палестинското исламистичко движење Хамас денеска објави список со имиња на 20 израелски заложници кои ќе бидат ослободени како дел од првата фаза од договорот со Израел.

Израел и Хамас минатата недела потпишаа договор за прекин на огнот во Газа и за ослободување на Израелците што ги држи палестинското движење, а кои беа земени како заложници во нападот на 7 октомври, во замена за Палестинците кои се во израелските затвори.

Ова е првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Појасот Газа.