Халиловиќ: Британска програма „Медиуми за сите“ изврши огромни, позитивни промени кај медиумите и новинарите низ Западниот Балкан

Женската солидарност во медиумите на Западен Балкан е прекупотребна и таа мора да почне веднаш, па дури и преку здружено организирање и делување во медиумите, каде што новинарките ќе добијат еднакви можности за напредок и заштита при работа. Ова се дел од наодите кои се добиени при практичната работа и анализа која е добиена од спроведувањето на програмата „Медиуми за сите“ од страна на британската влада, во шесте земји на Западен Балкан. Ова и многу други искуства, сподели за емисијата „Студио 10“, лидерката на тимот за спроведување на Програмата, Лариса Халиловиќ.

- „Направивме уште едно важно откритие и важен заклучок преку работењето за време на обуката и олеснување на дискусиите на жените во медиумите. Една од областите која јасно беше посочена беше потребата за солидарност. Знам дека ова не ги засегнува само жените кои се во медиумите, но за нас беше многу важно да научиме дека и покрај тоа што професионалците во медиумите се соочуваат со предизвици кои се слични во разни земји и се специфични за секоја земја во регионот.

Кога ќе погледнете пошироко, некои од предизвиците се чести. Неодамна, ја имавме првата регионална средба на жените во медиумите каде разговаравме за важноста на мрежите. Се надевам дека тоа ќе помогне во организирање нови мрежи во регионот. Научивме на пример дека залагањето жените да имаат повисоки позиции е навистина потребно, но исто така е потребна голема солидарност од жените кои се веќе на тие позиции.

Исто така, кога зборуваме за безбедноста на новинарките и новинарите, сфаќаме колку е важно жените да поддржуваат други жени и да создадат безбедни простори да се разговара за проблеми кои се чести и за кои не се зборува. Едногласно одлучивме дека поддршката меѓу жените е многу потребна и дека ни е потребна локална и регионална мрежа, но исто така заклучивме дека е важно нашите машки колеги да покажат и да се залагаат за таква поддршка.

Луѓето во медиумите се клучни да зборуваат за предизвиците со кои жените и понатаму се соочуваат во медиумите и во нивно решавање. Сфативме дека еден од ресурсите кој ни е потребен на кој треба да работиме се политиките и стандардите за обезбедување еднаквост за жените во медиумите на целиот Западен Балкан.

Постојат некои одлични примери, но за жал ги нема многу. Има многу работа во оваа област како и во обуката и во зборувањето за предизвиците со кои жените се соочуваат во медиумите.“ - вели Халиловиќ за „Студио 10“ на Телевизија 24.