Халили за ТВ 24: Патриотските стражи биле само извор на конфликти

Мухамед Халили поранешен амбасадор и претседател на Советот на амбасадори во емисијата 24 анализа истакна дека ако трнеме во определбата за заедничко чествување на двата народи, тоа треба да биде свечен ден за двете држави.

- Но, тоа нема да се случи заради разни политички структури тргнувајќи од нивните апетити за политички профит особено од страна на политиките структури на Бугарија кои се среде избори и имаат лоша реторика кон Македонија. Можно е да се случат немисли настани, но за тоа се потребни државните органи кои се грижат за сигурноста. Државата има капацитет да се справи со тоа. Тоа треба да биде атмосфера на чествување. Патриотските стражи биле само извор на конфликти. - рече Халили.